четвртак, 18. децембар 2014.

Хотел "Бел Камен"

ЗА НАС 
Бел Камен е трет по големина врв на планината Плачковица и се наога на надморска висина од 1707м.
На падините под овој врв на растојание од 45 000 м2, обиколен со богата густа букова и борова шума се простира и хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН на надморска висина од 1450м.
               Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејки се наога во предел кој изобилува со природни убавини како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина.



РЕСТОРАНТ

  Ресторанот има капацитет од 160 гости.Главниот ресторант нуди лепеза на гастрономски уживања кои се инспирирани од локалното национално богатство на македонска кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло кои се привилегија на планината Плачковица.
         Посебно сме горди на сопствените насади на еколошка аронија која ја користиме во нашите специјалитет.
        Хотелот располага со летна тераса со капацитет од 260 гости, опкружена со букова шума, погодна за организирање на секаков вид на прослави и забави.





СПА И СПОРТ ЦЕНТАР


За рекреација и спортување на нашите гости на располагање им се ставени спортските терени за фудбал, кошарка, тенис и мини голф. Исто така има организирано планинарење и велосипедизам по означените патеки.
За нашите гости хотелот ги нуди следниве спа содржини:
- Џакузи
- Парна бања
  • - Финска сауна

  • - Фитнес клуб

  • - Масажи

  • - Козметички третмани
Преку кои ќе можат да се релаксираат по напорното секојдневие или после користењето на нашите спортски терени и патеки за пешачење и велосипедизам.

СМЕСТУВАЊЕ

           Хотелскиот комплекс Бел Камен располага со дванаесет двокреветни соби, три апартмана и еден ВИП апартман .
Сите соби се опремени со мини бар, кабловска телевизија, бесплатана безжична интернет конекција, комплетно опремена бања прекрасен поглед кон планинската идила.
Цена за едно лице
  • 1720 денари со доручек
  • 2150 денари со доручек и ручек (полупансион)
  • 2500 денари со доручек, ручек и вечера (полн пансион)
Цена за две лица
  • 2800 денари со доручек
  • 3600 денари со доручек и ручек (полупансион)
  • 4200 денари со доручек, ручек и вечера (полн пансион)
Фамилијарна соба за 4 лица
  • 4760 денари со доручек
  • 6120 денари со доручек и ручек (полупансион)
  • 7140 денари со доручел, ручек и вечера (полн пансион)
VIP Апартман
  • 6000 денари со доручек
** за деца од 0-6 години БЕСПЛАТНО!!
** Сите гости кои престојуваат во хотелот на располагање покрај спортските терени го имаат и СПА-Центарот.

ЛОКАЦИЈА





  • Бел Камен, п. Плачковица

  • +389 32 522 933

  • +389 76 247 670